Балкан

Кој со кој ќе формира Влада во Бугарија?

Кој со кој ќе формира Влада во Бугарија?

Објавени се првите податоци од излезните анкети на водечките агенции по завршувањето на изборниот ден во 19:00 часот во Бугарија. Според првичните бројки, новата политичка формација „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев е убедлив победник на изборите за 52-то Народно собрание.

Распределба на мандати според агенциите

Проекциите за бројот на пратенички места во новиот парламентарен состав варираат во зависност од истражувањата:

Според „Алфа Рисерч“ (Alpha Research):

  • Прогресивна Бугарија: 105 мандати
  • ГЕРБ-СДС: 46 мандати
  • ПП-ДБ: 40 мандати
  • ДПС: 24 мандати
  • Преродба (Възраждане): 14 мандати
  • БСП: 11 мандати

Според „Маркет Линкс“ (Market Links):

  • Прогресивна Бугарија: 110 мандати
  • ГЕРБ-СДС: 44 мандати
  • ПП-ДБ: 39 мандати
  • ДПС: 21 мандати
  • Преродба (Възраждане): 14 мандати
  • БСП: 12 мандати

Во меѓувреме, во изборните штабови веќе започнуваат анализите. Додека кај „Прогресивна Бугарија“ владее еуфорија, во коалицијата ПП-ДБ допрва ќе се одлучува дали ќе учествуваат во идната власт со оглед на комплексноста на лидерскиот состав на коалицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни