КОЈА ХРАНА ДА JA ЈАДЕТЕ А КОЈА ДА JA ИЗБЕГНУВАТЕ: 7 намирници што треба да ги вклучите во исхраната доколку сакате да се ослободите од првутот!

Првутот е честа појава која подеднакво ги погодува жените и мажите, само кај мажите е повидлив поради кратката фризура. Убавата и здрава коса е идеалот на секој од нас, а еден од најчестите проблеми со косата е првутот.

Предизвикува чешање и иритација на скалпот, а се гледа и на главата, облеката, перницата и навистина може да го загорчи животот, а најмногу самодовербата. Една од главните причини за првут е воспалението кое може да биде предизвикано од различни состојби, од псоријаза до себореичен дерматитис и се манифестира во форма на црвенило, лупење и чешање. Важно е да се знае дека и нашата исхрана игра важна улога за здравјето на скалпот, кожата и косата.

КОЈА ХРАНА ДА СЕ ЈАДЕ И КОЈА ДА ИЗБЕГНУВА?

Есенцијалните масни киселини имаат антивоспалителни својства и помагаат во одржување на здрава коса и кожа, па затоа е добро да ги вклучите во вашата исхрана. Добар избор се лосос, туна, путер од кикирики, ленено семе, екстра девствено маслиново масло, авокадо, ореви и јајца. Од друга страна, конзумирањето на нездрава храна остава видливи последици на нашата кожа, но и на косата. Исхраната богата со шеќер, преработена храна и лоши масти поттикнува зголемено лачење на себум што може да резултира со несакани снегулки на скалпот. Ограничете го внесот на масна и пржена храна, рафинирана и преработена храна, шеќер и глутен бидејќи тоа може да помогне во намалувањето на првутот.

НАМИРНИЦИ КОИ ПОМАГААТ ВО БОРБАТА СО ПРВУТОТ

Покрај употребата на шампон против првут, препорачливо е да ги вклучите следните неколку намирници во вашата секојдневна исхрана кои ќе помогнат да се намалат проблемите со скалпот предизвикани од првутот.

ЛЕБЛЕБИЈА

Содржи два есенцијални минерали – витамин Б6 (пиридоксин) и цинк, кои помагаат во борбата против првутот. Наутот е одличен во салати, намази и чорби.

ЃУМБИР

Неверојатно лековито и корисно растение, ѓумбирот помага и за отстранување на лушпите на скалпот. Ѓумбирот обезбедува заштита од првут поради неговите антибактериски и антигабични својства.

ЛУК

Одличен природен лек за првут, лукот содржи висока концентрација на алицин, природно антигабично соединение кое помага да се елиминира првутот. Може да се користи во исхраната.

СЕМКИ ОД СОНЧОГЛЕД

Овие семки се исто така еден од најдобрите природни домашни лекови против првут, затоа задолжително вклучете ги во вашата исхрана. Семките од сончоглед се богати со есенцијални хранливи материи кои се добри за здрав скалп. Тие се одличен извор на цинк и витамин Б6 и на тој начин помагаат да се контролира производството на себум.

ПЧЕНИЧНИ НИКУЛЦИ

Богати со цинк и витамини Б и Б6, пченични никулци се одлични и во борбата против првутот. Можете да ги додадете во смути, мусли, житарки, гранола и на тој начин да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана.

ЈАБОЛКИ

Едно од најздравите овошја во исто време е навистина добар сојузник во борбата против првутот. Вклучете ја јаболката во вашата секојдневна исхрана бидејќи тие ќе ви донесат многу други придобивки.

БАНАНИ

Богати со витамини Б6, А, Ц, Е и минерали како цинк, калиум и железо, бананите содржат и амино киселини и антиоксиданси, кои помагаат во лекувањето на првутот.

Покрај различните третмани против првут што ни се достапни, важно е да бидете свесни како повеќето од нив започнуваат со диета, па затоа денес преиспитајте ги вашите навики и донесете здрави промени кои секако ќе влијаат на вашето здравје.