Пораки кои ги предупредуваат луѓето дека популарните газирани сокови и вода се трујат почнаа масовно да се шират низ социјалните мрежи и разни групи. Нема официјална потврда за што се работи.
Социјалните мрежи и комуникациските групи почнаа масовно да шират предупредувачки пораки дека се отруени газираните сокови и водата на популарен производител.
Нема официјална потврда за што се работи.
Кока Кола денеска конечно го прекина молкот за труењето на водата од нивното производство, потврдија дека знаат за случајот и најавија дека се подготвени да соработуваат со надлежните, пишува Дневник.
Кока Кола конечно објави се. Тие признаа дека случајот со водата во Ромеркеле не е фабрикуван, но додадоа дека е изолиран.
„Свесни сме за изолиран случај поврзан со едно стаклено шише Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330 ml. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и надеж за брзо и целосно закрепнување на личноста инволвирана во овој случај. Целосно сме отворени за соработка со сите надлежни органи“, изјавија од Кока – Колa.