Никој досега не успеал да ги помине овие ѕидови. Во скопскиот затвор, познат како „Шутка“, освен стражарите, безбедносните мерки се засилени и од полициските сили. Според властите, засилените мерки се направени откако на екс-шефот на УБК Сашо Мијалков, на бизнисменот Орце Камчев, екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, екс-секретарот на Владата, Кирил Божиновски, и на други обвинети во случаите на СЈО, им беше изречена мерка притвор од 30 дена. Заменик – директорот на Затворот „Шутка“, Садуш Арифи, за ТВ21 рече дека во последните 10 години, ниту еден затвореник не избегал. Според него, безбедносните мерки се засилени, како во чување на објектот околу затворот, така и при спроведување на затворениците во и надвор од затворот.
„Имаше обиди за бегање од затворот, што е добро познато појава и во затворите во земјата, но и во светот. Во изминатиот период имаше обиди за бегство од затворот во различни форми и начини, но беше реагирано навреме за спречување на ваквата појава. Според нашите проценки, степенот на безбедност е зголемен на повисоко ниво и можностите за бегство од скопскиот затвор, се речиси невозможни “ – Садуш Арифи, заменик-дирктор на затворот „Шутка“.
Универзитетскиот професор, Митасин Беќири, вели дека самоиницијативно бегство од Шутка не може да има, освен ако за таа цел не биде дадена висока сума пари. Со оглед на тоа што веќе некое време, неколку милионери се наоѓаат во затворски ќелии според Хашките стандарди, експертот за безбедност, предлага власта да не потпаѓа под влијание на корупцијата и политичкиот пазар. Според него, доколку се случи такво нешто, одговорноста треба да се бара кај Управата за извршување санкции, Кривичниот суд, па дури и кај извршната власт.
„Бегствата во фазата на истрагата, тука не се случуваат. Но, се случува во странските држави во затворите со висока безбедност. Но, постојат шанси и кај нас, бидејќи затворениците секогаш со умисла го планираат чинот. Бегства има и од затворот со висока безбедност во Идризово. Да не зборуваме за конкретниот случај, што ве интересира вас. Феноменот на бегство постоел, постои и ќе постои. Да, има можност“, изјави Митасин Беќири, експерт за безбедност.
Иако во историјата на Македонија не е забележано некое спектакуларно бегство од затворите, но се случуваат при обидите на органите на правдата, да ги однесат зад решетки моќните екс-државни функционери. Последното бегство на екс-премиерот Никола Груевски не беше прво од прогонот на СЈО. Тој, по правосилната одлука за отслужување на казната затвор од две години за случајот „Тенк“, избега и доби политички азил во Унгарија. Пред него, веднаш по изрекувањето на мерката притвор од 30 дена, екс-шефот на Петтата управа при МВР, Горан Грујевски и неговиот заменик, Никола Бошковски, избегаа во Грција со лажни идентитети, каде се наоѓаат во затвор и се очекува нивната екстрадиција. И Бизнисменот Сеад Кочан пак, пред да му биде изречена казна затвор од шест години во случајот „Труст“, беше во бегство. Властите не дозволија овие случаи да се повторат, и одреди мерка притвор за неколкумина други обвинети, кои според разузнавачките извори се подготвувале да се дадат во бегство. Оние кои веќе се во ќелии, се чуваат под строги безбедносни мерки.
Репортер: Аднан Ќаили
