Колку е безбедно да седите во автомобил за време на бура со грмотевици

Грмотевиците знаат да бидат застрашувачки. Но, ако сте во автомобил, всушност сте добро заштитени. Тоа е затоа што телото на возилото го формира она што е познато како кафез Фарадеј, тип на штит што го насочува електричното празнење околу патникот.

Сепак, подобро е да се затворат сите видови прозорци за време на грмотевици и да се повлече антената. Доколку гром удри во автомобилот додека сте во него, не смеете да ги допирате металните делови кои се поврзани со каросеријата. Сепак, ова не треба да биде проблем за модерните автомобили бидејќи имаат многу пластични делови од каросеријата.

За време на бура, треба да барате место за паркирање на ниско подрачје, каде што нема опасност од летечки предмети или гранки. Најголема опасност за возачите е слабата видливост, град, налетите на ветерот, како и аквапланинг, паднати гранки и други пречки на патот, соопшти германската автомобилска организација ADAC.