Македонија

Комесарот Вархеји во посета на Бугарија – тема на разговорите ќе биде бугарското вето

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ќе престојува во посета на Бугарија, соопшти Европската комисија. За време на посетата се планирани средби со Претседателот на Бугарија Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, не се објавуваат детали за разговорите во Софија, но Бугарското национално радио повикувајќи се на свои извори, најави дека тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите со Северна Македонија.

Инаку, ова е втора посета на еврокомесарот за проширување Вархеји на Бугарија, откако на 21 мај заедно со португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос Силва одржаа повеќе средби со високи бугарски претставници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни