Македонија

Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки

Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ денеска на прес конференција истакна дека се донесени неколку препораки.

  • Прва препорака – наместо 45, потврдата за ковид прележаност да трае 180 дена, сметано од денот на добиен позитивен тест.
  • Втората е поврзана со извештајот од ИЈЗ каде што е направена анализа на сите случаи со хоспитализација и смрт од ковид-19 во период од 1 до 31 јануари 2022 година.
  • Третата препорака се однесува на постоечките упатства за лекување на пациенти од ковид-19.
  • Четвртата се однесува на учениците – дел од достапните тестови кои што се во владение на МЗ ќе се користат за проценка на преносливоста на вирусот во школски услови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни