Кастриот Реџепи е името на претеникој кој ќе остане запишано како што велат од опозицијата бидејќи неговиот глас им недостигаше на опозицијата за да ја срушат Владата на Зоран Заев.
Сега конечно е познато, што се случувало тој ден и вечер во четвртокот кога во Собранието требаше да се гласа уривање на Владата, а никаде го немаше Кастриот Реџепи.
Според информации на 4NEWS.mk, Кастриот Реџепи бил гостин тој ден и во наредните 2-3 дена, заедно со неговото семејство кај висок функционер на СДСМ, кој го убедил да не гласа за рушење на Владата „Заев 2“ за доброто на евроинтеграциите и стабилноста на државата.
Како што дознаваме, ДУИ на никој начин не влијаела врз одлуката на Реџепи. А видео обраќањето на пратеникот исто така е иницирано од високиот функционер од СДСМ.