Американскиот музичар Мерлин Менсон (52) ја продава својата вила во Холивуд Хилс во Лос Анџелес за 1,75 милиони долари, поради постојаните обвинувања за злоупотреба.
Луксузното здание е украсено во шпански стил и се простира на 2.711 метри квадратни, пренесува People.
Контроверзниот рокер Мерлин Менсон ја купи оваа вила во 2013 година за 1.085.000 долари.
Реновираниот имот има две спални соби со сопствени бањи и соблекувални, а третата, сместена на приземје, има посебен влез и е погодна како апартман за гости.
Ново реновираната кујна има поглед на градина и тераса.
Тоа е терасата што ги опкружува двете страни на куќата, обезбедувајќи простор за живеење, забава и ручек на отворено.
Реновирана е и гаражата за два автомобила, како и канцелариските простории, студиото за снимање и просторијата за вежбање.
Инаку, Мерлин Менсон беше обвинет од 15 жени за сексуална злоупотреба на почетокот на годината.
