Свет

Конзервативците и социјалдемократите формираа коалиција во Германија

Конзервативците и социјалдемократите формираа коалиција во Германија

Фридрих Мерц, претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и веројатен иден германски канцелар, изјави при претставувањето на коалицискиот договор на идната демохристијанско-социјалдемократска влада во Берлин дека договорот претставува силен сигнал за Германија, но и за Европската унија.

„Германија добива ефикасна и силна влада, тоа е пораката до нашите европски партнери. Европа може да се потпре на Германија“, изјави Мерц по завршувањето на коалициските преговори меѓу демохристијанската Унија ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Мерц ги пофали брзите и складни преговори со СПД и заклучи дека тоа претставува важна основа за идната соработка.

„Заеднички дојдовме до овој договор и сметам дека тоа е добра основа за работата на владата во следниот изборен период“, изјави Мерц.

Тој изрази уверување дека новата влада ќе започне со работа „најдоцна на почетокот на мај“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни