Апарат за копирање денеска на гевгелиските пожарникари им донираше градоначалникот Сашо Поцков кој ја посети ТППЕ во Гевгелија за да им изрази благодарност на пожарникарите за нивниот работен ангажман во годината што изминува.
– Сите вработени секогаш биле на висина на својата задача во справување со пожарите на територијата на општината и изразувам голема благодарност за вашата ефикасност во локализирањето и гаснењето на огнените стихии,рече Поцков.
Градоначалникот Поцков најави дека наредната година,од проект на прекуграничната соработка,во рамки на Југоисточниот плански регион,за ТППЕ Гевгелија ќе биде набавено ново возило и противпожарна опрема.
На сите припадници на ТППЕ Гевгелија и на нивните фамилии,Поцков им ја честиташе новата 2020 година во која им посака многу здравје,успех во работата и што помалку пожари.