Комуникологот Бојан Кордалов гостуваше денеска во Отвореното студио на ТВ21 каде разговаравме за црната кампања која ја водеа партиите.
Тој вели дека едни ќе победат, а други ќе изгубат, но битката продолжува од утре.
„Не само што редовно не чекаат за 2,5 години избори, меѓутоа за 4 години имаме повторно локални избори. Стратегијата, кампањата и профилирањето на кандидатите и кандидатките се прави од утре, заради тоа што ќе погледнеме и ќе видиме дека колку повеќе вложуваме во реален однос, препознатливоста на кандидатите и добрата комуникација и со медиумите, и со граѓаните, толку подобро можат да се претстават и да издвојуваат победа“, порача Кордалов.