Македонија

Кордалов: Најлесно е да се обидеме со национално високо ниво на црна кампања да ги потикнеме граѓаните

Комуникологот Бојан Кордалов гостуваше денеска во отвореното студио на ТВ21 по повод локалните избори, каде разговаравме околу црната кампања на партиите.

Кордалов вели дека доколку денеска ги прашаме граѓаните кои се нивните приоритети, ќе видиме дека тоа е стравот дека цените ќе растат.

„Дали ќе има струја, колку ќе има струја, дали ќе може 1-ви да се дочека или ќе треба да се позајмува или да се мисли како ќе се пројде. Тие се прашањата што граѓаните ги мачат“, вели Кордалов.

Тој додава дека најлесно е партиите да се обидат со едно национално високо ниво на црна кампања да ги потикнат граѓаните, но доколку сакаат да разберат какво е новото време или која е созреаноста на сите граѓани после 30 години или 7 локални избори, одговорот е тој.

„Секој човек гласа индивидуално, и знае зошто гласа, а најмалце што сакаат да го слушнат граѓаните е тоа дека изборите се живот или смрт“, порача Кордалов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни