Корисни трикови за да препознаете расипано јајце

Ако често готвите, сигурно барем еднаш ви се случило да скршите јајце во сад со други состојки, но јајцето да се расипе и да морате се да фрлите во ѓубре.

За жал, кога станува збор за јајцата, не е секогаш лесно да се одреди колку се свежи бидејќи заштитната непроѕирна лушпа ја крие вистинската состојба на белките и жолчките.

Како да препознаете дали јајцата се лоши

Сите кутии и пакувања за продадени јајца мора да имаат означен датум на најдоброто пред. Рокот е шест недели откако јајцето е ставено во кутија и подготвено за продажба. Тоа е секако најлесниот и најсигурен начин да проверите дали јајцата се уште се добри за јадење.

Што ако не е прикажан датумот на истекување?

Ако немате означен датум на истекување, понекогаш е можно да откриете дали јајцето е расипано така што ќе го помирисате. Јајцата не треба да имаат некој посебен мирис, но ако почувствувате слаб мирис на сулфур, нешто не е во ред. Ако не сте сигурни, испукајте го јајцето на чиста чинија за добро да мириса. Доколку има силен мирис, фрлете го и темелно измијте ја чинијата.

Свежото јајце мора да има светло жолта или портокалова жолчка и густи белки. Ако јајцето е расипано, жолчката ќе биде побледа, а белките течни. Почист, но и позабавен метод е пловечкиот тест.

Ова не е мит – свежи јајца ќе потонат, а расипани јајца ќе лебдат на врвот

Едноставно наполнете сад со ладна вода од чешма и ставете ги јајцата во него. Ако потонат до дното и се тркалаат на едната страна, свежи се и добри за јадење. Расипано јајце ќе плови бидејќи во него со текот на времето се акумулирал воздух. Сите јајца кои не тонат на дното треба да се фрлат, пишува Индекс.

Што е со складирањето на тврдо варени јајца?

Друга е приказната кога станува збор за тврдо варени јајца. Тие имаат многу пократок рок на траење од суровите бидејќи процесот на готвење го отстрани заштитниот надворешен слој на лушпата и ги направи попропустливи и почувствителни на бактерии и други загадувачи. Тврдо варените јајца може да се чуваат во замрзнувач до една недела ако се остават во лушпата или околу пет дена ако се излупени. Погрижете се да ги ставите јајцата во фрижидер најдоцна два часа по готвењето.