Македонија

Корона и загадување на воздухот – лоша комбинација

Постојат сè повеќе научни студии кои се обидуваат да ја докажат врската помеѓу загадувањето на воздухот и коронавирусот, а една од нив проценува дека загадувањето на воздухот може да доведе до зголемување на ризикот од смрт за околу 15 проценти.

Истражувањата досега покажаа дека загадувањето на воздухот со честички од ситна прашина, која се создава при испуштањето издувни гасови, влијае врз должината на животот на луѓето. Сега, новата студија, изработена од германски и кипарски научници, доаѓа до заклучок дека емисиите на издувни гасови влијаат и врз стапката на смртност од коронавирус.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни