Бројот на нови случаи на КОВИД-19 регистрирани во периодот од 8 до 14 мај во Малезија е зголемен за 119,2 отсто во споредба со претходната недела.
Здравствениот директор на Малезија, др. Нур Хишам Абдула, во својата изјава, рече дека бројот на неделни случаи низ земјата во претходната недела изнесувал 8 илјади 732, а оваа бројка во периодот од 8 до 14 мај достигнала 19 илјади 137, што е зголемено за 119,2 отсто.
За 38 отсто е зголемен и бројот на пациенти примени во здравствените установи, јавните болници, карантинот и центрите за лекување COVID-19 во однос на претходната недела.
Според соопштението на Министерството за здравство на Малезија, 2 илјади 239 лица се позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа, додека бројот на заболени се зголеми на 4 милиони 478 илјади 112. Во земјава уште 1263 лица го победиле вирусот, а бројот на оздравени е 4 милиони 411 илјади 762 лица.
Во Малезија, каде во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 3 лица, бројот на смртни случаи поврзани со вирусот достигна 35 илјади 615.
