Коронавирусот повторно се појави во Вухан

Комисијата за здравство во Вухан објави дека открила коронавирус на амбалажата од бразилско говедско месо, откако тестирањето на замрзната храна било одобрено низ цела Кина.

Комисијата додава дека коронавирусот е пронајден на обвивката со три пакувања говедско месо, објави Ројтерс.

Говедското месо пристигна во Кина, во пристаништето Кингдао на 7 август, а во Вухан пристигнало на 17 август, каде што беило до неодамна во фрижидер.

Вухан е град познат по тоа што коронавирусот најпрво се појавил во него, а потоа се проширил низ целиот свет.

Бразилската влада за Ројтерс изјави дека не добила никакво известување од кинеските власти.

Сега, повеќе од 100 работници во фрижидерот мораа да одат на тестирање, а 200 примероци беа земени од различни површини во фрижидерот.

Кинезите пронајдоа коронавирус на пакет со говедско месо од Аргентина, соопштија денес властите на Шангдонг.

Кина увезува најмногу говедско месо од Бразил и Аргентина и е најголем купувач на месо од тие две јужноамерикански земји.

.

Извор: ТВ21