Свет

Кортеж со овци на најпознатата улица во Франција

Кортеж со овци на најпознатата улица во Франција

Овците ја исполнија најпознатата улица во Париз, главниот град на Франција. Улицата Шанзелизе беше домаќин на кортеж од овци и јагниња.

Поради затворањето на 58. Земјоделски саем што се одржа во Париз, фармерите од градот Беарн во регионот Пиринеи-Атлантик, еден од важните сточарски центри во земјата, тргнаа кон Триумфалната капија со овчарски кучиња, многу говеда и коњи, како и 2022 овци.

Многу парижани од сите возрасти дојдоа да го гледаат кортежот од 500 метри, што го започнаа премиерот Жан Катекс и градоначалничката на Париз, Ан Идалго, придружувани од музичари и танчери од градот Берн.

Фармерите рекоа дека со „ревијата на овците“ сакале да го свртат вниманието на важноста на сточарството и руралниот живот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни