Кос од Белград: Моментумот за проширување на ЕУ е реален – Србија да ја искористи шансата

По синоќната средба во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, европската комесарка за проширување изјави дека моментот за европско проширување е реален и дека ЕУ очекува Србија да ја искористи таа шанса.

„Навремена средба со претседателот на Србија. Моментумот за проширување на ЕУ е реален и сакаме Србија да ја искористи оваа можност што се случува еднаш во генерацијата и да ја комплетира нашата Унија“, напиша Кос на својот профил на мрежата X по средбата со Вучиќ.

Кос додаде дека за тоа е потребно да се преземат „конкретни чекори во однос на демократските принципи и реформи“.

„Време е за дејствување“.

Кос е во дводневна посета на Србија од вчера за време на која веќе се сретна со претседателот Вучиќ, со премиерот Ѓуро Мацут и претседателката на Собранието Ана Брнабиќ.