Косовскиот државен врв со честитки за изгласаните уставни амандмани

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, претседателот на државата Хашим Тачи и претседателот на Собранието Кадри Весели синоќа го поздравија изгласувањето во македонското Собрание на амандманите на Уставот, со кои Македонија стави крај на спорот со Грција околу името на државата.

„Го поздравувам изгласувањето на уставните измени во Собранието на Македонија за промена на името во Република Северна Македонија, како голем чекор на патот кон евроатлантските интеграции на соседната држава. Овој настан, кој е значаен за новата историја на Западен Балкан, претставува надеж дека нашиот регион оди во правец на еден опстоен мир. Го поздравувам мојот хомолог Зоран Заев за докажаната прозападна визија, како и Албанците од Македонија за клучната улога во овие промени“, напиша Храдинај во неговата објава на Фејсбук .

„Република Македонија или Северна Македонија, како што се именува сега, направи голем чекор напред, отворајќи ги перспективите за политичка сабилност, продолжување на реформите и интегрирање на земјата во северноатланските интеграции, со што им гарантира подобар живот на своите граѓани и на новите поколенија“ напиша косовскиот претседател на својата официјална страница на Фејсбук.

И претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели го поздрави исходот на вчерашното гласање за уставните измени во Македонија.

„Големи честитки за историскиот глас кој моите колеги во Скопје го дадоа за ратификувањето на Преспанскиот договор. Оваа одлука еднаш и засекогаш го деблокира патот на интеграциите за нашата пријателска држава и го забрзува зачленувањето во НАТО и ЕУ, не само на Македонија туку и на целиот наш регион. Со овој глас се консолидира мирот и стабилноста во целиот регион и се потврдува уште еднаш дека дијалогот и разбирањето претставуваат најдобар начин за решавање на проблемите кои се наследени од минатото“, порача првиот косовски парламентарец.

 

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното