Балкан

Косовското МВР набави ново оружје и оклопни возила

Косовското МВР набави ново оружје и оклопни возила

Министерството за внатрешни работи на Косово купило оружје и друга опрема во вредност од 1,3 милиони евра, јави агенцијата Танјуг.

Само долгоцевните пушки за дежурните полицајци на границите чинат 350.000 евра, пренесува косовското електронско издание „Репортерс“.

За безбедносните сили на Косово годинава од буџетот се издвоени 100 милиони евра. Од овие средства 30 милиони ќе бидат наменети само за вооружување, што е најголема сума од формирањето на безбедносните сили.

Поранешниот српски регион Косово прогласи независност во 2008 година, која иако ја признаа повеќе од 100 земји, Белград не ја признава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни