Костадинов: Мицкоски, Груевски, Иванов и Бачев не успеаја да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО

На денешната прес-коференција на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов кажа дека најавите за бојкот на претседателските избори на Мицкоски немаат поддршка од граѓаните и бара алиби за изборнито пораз што го чека.

„Тој, Груевски, Иванов и Бачев не успеаја да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО, беа поразени од граѓаните.

Се обиде со некакви протести и собири, ги најавуваше за секоја среда и секоја недела, виде дека нема поддршка од граѓаните, ги откажа ненадејно.

Му се приклучи на Јанко Бачев и се сведе на негов портпарол. Не успеа. Нивните заеднички собири на кои се сееше омраза, раздор помеѓу граѓаните, невистини и антизападни пароли, граѓаните ги отфрлија.

Сега, соочен со сопствената неспособност и неуспехот на антизападните политики Мицкоски е во нови обиди за деструкција, условувања, блокади.

Ниту една идеја, предлог, програма, план за доброто на граѓаните и државата не слушнавме од антизападниот Мицкоски.

Мицкоски и неговите црнила како и деструкциите на неговата партија немаат поддршка од граѓаните.

Наместо условувања за бојкотирање на избори Мицкоски нека се подготвува за пораз на следните избори какви и да се.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов ниту пак нов Груевски. Македонија тргна напред. Граѓаните се одлучија за напредок и интеграција во НАТО и ЕУ“, соопшти Костадинов.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното