Пратеникот на СДСМ, а воедно и портпарол на партијата, на својот Фејсбук профил објави амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од страна на Ане Лашкоска, на која се гледа дека се бараат 100.000 денари за обнова на опашката на споменикот бик во центарот на Скопје.
„Меѓутоа не е тоа суштината, туку лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, сите амандмани на опозицијата се испратени до претседателот на Собрание на Република С Македонија.
Незнам која е намерата на ДПМНЕ, но ова може да има две значења, или официјално го прифатија уставното име Северна Македонија, или можеби Република С Македонија за нив е повеќе прифатливо решение.“, напиша Костадинов.