„Изненаден сум од аматеризмот на опозициската дпмне, од немањето грам државност, политички сенс во време на најголема трпеливост на граѓанството. Граѓаните тоа го препознаваат и соодветно политички ќе реагираат. Да се разбереме патот на интеграцијата го трасира СДСМ, дпмне на секој можен начин се обиде да го уништи и не успеа. Направените реформи од владата на СДСМ никој не ги оспорува, напротив сите ги поддржаа. Јас сум сеуште оптимист за процесот, но што и да се случи, совеста ми е мирна оти во ова време како одговорни политичари направивме се, за да бидеме во овој процес. Огромни се разликите. Ние сме на страната на прогресот, развојот, перспективата. ДПМНЕ е заглавено во обидите на секој можен начин дури и во такви важни моменти за државата, да си ги заштити криминалците во своите редови, играјки си со емоциите на граѓаните“, напиша Костадинов на Фејсбук.