Македонија

Костадинов: Силјановска е само уште една продолжена рака на Мицкоски

Порпаролот на СДСМ Костадин Костадинов денеска истакна дека тоа што се случи на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, било само официјализирање на кандидатот на Мицкоски и на Груевски, Гордана Силјановска. Но, Костадинов истакна дека на земјата не и треба нов Ѓорге Иванов.

– Знаеме дека граѓаните нема да дозволат нов Ѓорге Иванов послушник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Гордана Силјановска вчера на конвенцијата можеше да се огради од криминалните политики на Никола Груевски, да се огради од деструктивните активности на Христијан Мицкоски, во однос на напредокот на Република Северна Македонија, да се огради и да го осуди ширењето на говор на омраза на нејзините колешки, којшто и ја дадоа поддршката. За жал тоа не го видовме. Вчера видовме како Гордана Силјановска застанува и претставува уште една продолжена рака на Христијан Мицкоски, Оттука може јасно да порачаме дека на наредните претседателски избори Гордана Силјановска и Христијан Мицкоски може да очекуваат пораз – изјави портпаролот на СДСМ.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни