Македонија

Костов: Немало физички, само вербален напад

Директорот на болницата „8-ми септември“ Христијан Костов, се огласи по повод вчерашниот инцидент, кога медицински персонал се пожалил дека бил физички нападнат од страна на роднини на починат пациент.

„Роднините влегле насилно, а обезбедувањето заедно со нив се качило до горе. Тие имаат право да се качат на Одделот. Биле вербално агресивни кон лекарите, и потоа дошла полиција“, објасни Костов.

Ова е уште еден напад на медицински персонал, по серијата на напади кои се случија во повеќе болници, меѓу кои во Тетово и во Скопје.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни