Коцевски се врати во Кочани и положи цвеќе на гробиштата на загинатите од Пулс

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска присуствуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, како што посочуваат блиски до семејството, била голем обожавател на групата ДНК – положи свежо цвеќе и ги посети гробиштата каде се погребани загинатите.

Се вчитува...

За време на посетата, тој се поздравуваше со родителите и членовите на семејствата на настраданите, изразувајќи сочувство и поддршка во овие тешки моменти.

Коцевски ќе биде и дел од отвореното студио на 4ТВ кое понеделник од 19 часот ќе се емитува во живо од Кочани, во рамки на одбележувањето на една година од трагедијата.