Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека ќе има поевтина електрична енергија за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи како што се леб, брашно, млеко, месна, живинарска индустрија и масло за јадење.
Според него, со ова ќе треба да се стабилизираат цените на храната.
Евтина струја ќе има за училиштата. Истото ќе важи и за јавните претпријатија, а истата ќе биде по 95 евра по мегават час.
„Во оваа енергетска криза, секој денар е важен за граѓаните. Се очекува најтешката зима по Втората светска војна. Граѓаните нема сами да ја пребродуваат оваа криза“, рече Ковачевски.
Субвениците за над 600.000 домаќинства и фирмите ќе продолжат и натаму. 42.000 граѓани од ранливите катергории и пензионерите ќе добијат поддршка оваа зима.
