Балкан

Ковачевски: Со добра соработка и комуникација со соседите, полесно ќе се преброди оваа тешка и кризна зима

Ковачевски: Со добра соработка и комуникација со соседите, полесно ќе се преброди оваа тешка и кризна зима

„Денеска со лидерите од Отворен Балкан, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, на координативен состанок во пресрет на Берлинскиот самит разговаравме за сите позитивни искуства од Отворен Балкан. Отворен Балкан веќе дава конкретни резултати за компаниите и за граѓаните, а ја мобилизира и администрацијата, за заеднички напредок на регионот“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.

„Со добра соработка и комуникација со соседите, полесно ќе се преброди оваа тешка и кризна зима“, додаде Ковачевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни