Ковачевски: Со Рама и Вучиќ донесовме одлука – „Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина“
Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил пишува дека Македонија Албанија и Србија имаат европска иднина.
„Северна Македонија има докажани пријатели во земјите членки на ЕУ. Тие се оние земји кои гледаат кон иднината, наспроти минатото и од кои ние, Албанија, но и регионот имаме целосна поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во ЕУ.Јас, Еди Рама и Aлександар Вучиќ денес донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина“, пишува Ковачевски.
Тој додава дека решиле дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повторат нашите заложби за европскиот пат на целиот Западен Балкан.
„Доколку не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе е сериозен проблем и удар врз кредибилитетот на ЕУ на Балканот. Нашите ставови на оваа тема ќе ги пренесеме заеднички, на самитот на ЕУ за Западен Балкан, во широк форум, во центарот на европската дипломатија“, напиша Ковачевски.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни