Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување и оптимизација на новите вработувања во јавните претпријатија и установи, со цел поодговорно управување со градскиот буџет.
Со новата политика, административните позиции се сведуваат на минимум, а приоритет им се дава на оперативните и теренските работници — пред сè возачи во ЈСП, комунални работници во ЈП „Комунална хигиена“ и друг кадар неопходен за одржување на јавниот превоз, улиците и парковите.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека со ова се става крај на неконтролираното трупање администрација и дека секој денар од граѓаните мора да има јасна цел, а секое работно место реална потреба.