Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, објави изјава во која се наведува дека потпишал договор со лидерите на Русија и Азербејџан за прекин на воените дејствија во регионот Нагорно Карабах.
Заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, потпишав изјава за прекин на конфликтот од 01:00 часот во Нагорно Карабах. Текстот на таа изјава е веќе објавен и тој е неверојатно болен за мене и за ерменскиот народ – напиша Пашинијан на социјалната мрежа Фејсбук.
Пашијан ја донесе одлуката „по длабока анализа на воената состојба во регионот“ и најави дека наскоро ќе и се обрати на јавноста.
Ова не е победа, но не е ниту пораз, сè додека не признаеме дека сме поразени. Никогаш не сме мислеле дека сме поразени и тоа треба да биде почеток на новата ера на нашето национално единство, обновување. Треба да ги анализираме годините на нашата независност, ја планираме нашата иднина за да не ги повторуваме грешките од минатото – рече Пашинијан.
Со судири меѓу ерменските и азербејџанските сили се водат со недели во регионот Нагорно Карабах.
Односите меѓу двете поранешни советски републики се затегнати од 1991 година, кога ерменската армија го окупираше Нагорно-Карабах, територија признаена од меѓународната заедница како дел од Азербејџан.
Донесени се четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и два генерални собранија на ООН, во кои тие бараат итно повлекување на ерменските трупи од таа територија на Азербејџан, во која претежно живеат Ерменци.
Нагорно-Карабах еднострано се одвои од Азербејџан, но не е меѓународно признат како држава.
.
