Свет

Кралицата Елизабета Втора денеска одбележува 70 години владеење

Кралицата Елизабета Втора денеска одбележува 70 години владеење и потврди дека е недостижна шампионка меѓу британските крунисани глави по бројот на години поминати на тронот.

Таа е првопласирана и на светската листа на жени владетели, додека во европската мешана конкуренција францускиот крал Луј XIV заостанува само малку зад неа.

Некои Англичани, на шега, веќе предлагаат покрај традиционалниот симбол на Обединетото Кралство, лавот, сега да се стави и слика на симпатична баба со задолжителната капа. Шегата настрана, кралицата Елизабета е, според сите истражувања, најпопуларниот член на кралското семејство и жив симбол на трајноста и стабилноста на Велика Британија и нејзиниот Комонвелт.

Во 1945 година, таа беше првата жена од кралското семејство што се приклучи на вооружените сили како активен член на Службата за територијална одбрана.

Таа се искачи на тронот на 6 февруари 1952 година, кога нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, почина на имотот Сендхерст. Затоа кралицата никогаш нема јавни настапи на деновите на јубилејот, кои ги поминува далеку од секојдневието, во мир на имотот.

Така ќе биде и годинава, а најавени се големи церемонии за „платинестиот“ јубилеј на владетелката која стапувајќи на тронот пред седум децении на своите поданици им порача: „Пред сите вас изјавувам дека целиот мој живот, долг или краток, ќе биде посветена.

Елизабета Втора е титуларна, без политичка моќ, кралица во 16 други земји на Комонвелтот, а нејзиниот лик се наоѓа на банкнотите на 35 земји, поради што е и на прво место.

Таа е најбогатата владетелка на светот. Кога критиките за монархијата и нејзините трошоци се интензивираа во 1990-тите поради извештаите за богатството на кралицата, Елизабета се согласи да ги плати трошоците на повеќето членови на нејзиното семејство и стана првиот монарх кој плаќа даноци на доход ретроактивно, почнувајќи од 1930 година.

Кралицата има 95 години, но и понатаму е многу активна во јавниот живот, па минатата година ја одби престижната награда „Најстарата дама на годината“ од магазинот за постари лица „Олди“. Таа љубезно се заблагодари и одговори на жирито дека годините не се мерило, туку дека „човекот е стар колку што се чувствува стар“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни