Британската крализа Елизабета Втора ја одби наградата на британското списание „Олди“.
Имено, ова списание наградите ги доделува на постари лица, а според Кралицата таа не ги исполнува условите.
Гласилото, кое се опишува себеси како „лесна алтернатива“ на печатот „опседнато со младоста и славата“, откри дека на Бакингемската палата, т.е. на 95-годишната кралица ѝ ја предложило својата награда The Oldie of the Year.
Но, на неговите страници осамна писмо во кое има одбивање на наградата, испратено на 21 август, потпишано од нејзиниот помошник приватен секретар Том Ленг-Бејкер.
„Нејзиното Височество смета дека ги имаме годините што ги чувствуваме и затоа, таа не мисли дека ги исполнува условите за да ја прифати“, се истакнува во одговорот.
Инаку, Кралицата е на престолот скоро седум десетлетија.
