Кралот на Јордан, Абдула Втори, за прв пат по 5 години дојде во градот Рамала на окупираниот Западен Брег.
Кралот Абдула беше пречекан во Рамала од палестинскиот претседател Махмуд Абас и други палестински претставници.
За време на неговата посета на Рамала, кралот Абдула е придружуван од јорданскиот премиер Бишр ал-Хасавне и министерот за надворешни работи Ајман ес-Сафеди.
Абдула и Абас ќе разговараат за „развојот во регионот и актуелните состојби на палестинските територии“.
Јорданскиот крал Абдула Втори последен пат ги посети палестинските територии во 2017 година.