Свет

„Кралот на криптовалутите“ обвинет во Црна Гора за фалсификување исправа

„Кралот на криптовалутите“ обвинет во Црна Гора за фалсификување исправа

Црногорското обвинителство го обвини јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“, До Квон и еден од неговите сонародници за кривично дело фалсификување исправа.

До Квон и неговиот соработник Хон Чонг Џун беа уапсени на аеродромот во Подгорица во март, според меѓународна потерница, кога се обиделе да летаат за Дубаи со приватен авион.

До Квон во светот е познат како „Крал на криптовалутите“, а неколку земји го сомничат за измама од 40 милијарди долари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни