Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Свет

Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија!

Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија!

Кремљ соопшти дека е „смешно“ и „апсурдно“ да се обвинува Русија за оштетување на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море.

„Смешно е со оглед на недостатокот на реакција на саботажата на Украина во Балтичкото Море“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, во врска со саботажата на гасоводот „Северен тек“ во септември 2022 година, за што Москва го обвинува Киев.

Украина негираше дека е вмешана, но германското правосудство издаде европска потерница за украински нуркачки инструктор осомничен за вмешаност во саботажа. Не е потврдена вмешаноста на украинската држава во саботажата.

Во врска со оштетувањето на двата телекомуникациски кабли меѓу Финска и Германија од една страна и Шведска и Литванија од друга страна, Песков денеска изјави дека „прилично е апсурдно постојано да се обвинува Русија за се, без никаква основа“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни