Магазин

Криси Тајген и Џон Леџенд повторно ќе станат родители?

Криси Тајген и Џон Леџенд повторно ќе станат родители?

Криси Тајген навести дека таа и нејзиниот партнер Џон Леџенд се обидуваат да добијат уште едно дете.

36-годишната манекенка и пејачка има 5-годишна ќерка Луна и 3-годишен син Мајлс.Сега ѕвездата сподели фотографија од ин витро инјекции и навести дека таа и нејзиниот сопруг ќе користат сурогат мајка.

Почнува повторно“, напиша таа во објавата.

Во септември 2020 година, Криси имаше спонтан абортус во 20-тата недела од бременоста.

Нејзините први 2 деца биле зачнати ин витро, но третото е зачнато по природен пат. Тоа би било момче по име Џек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни