Македонија

Крива Паланка најпогодена од дожд!

Крива Паланка најпогодена од дожд!

Во изминатите 24 часа, до 08 часот утринава, во повеќе делови на државата е измерен значителен наврнат воден талог, покажуваат податоците од УХМР.

Најмногу дожд е регистриран во Крива Паланка – дури 91 литар на метар квадратен, што ја прави оваа локација најпогодена од врнежите. Следуваат Виница со 68 l/m², Берово со 46, Гевгелија со 40 и Прилеп со 27 l/m². Во главниот град, на Зајчев Рид се измерени 17 литри, додека на аеродромот во Петровец 13.

Еве ги измерените количества по градови:

  • Крива Паланка – 91 l/m²
  • Виница – 68
  • Берово – 46
  • Гевгелија – 40
  • Прилеп – 27
  • Скопје – Зајчев Рид – 17
  • Тетово – 16
  • Штип – 14
  • Скопје – Петровец – 13
  • Битола – 9
  • Кавадарци – 8
  • Куманово и Крушево – 7
  • Тополчани – 6
  • Демир Капија – 5
  • Струмица – 3
  • Претор – 2
  • Маврови Анови – 1

Од УХМР напоменуваат дека наведените вредности се измерени на дождомерните станици и не ја отсликуваат секогаш реалната состојба на терен, бидејќи поради локалноста на врнежите, количината на дожд може значително да варира и да биде далеку поголема во други, немерени локации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни