Кривата кула во Пиза исправена за 4 сантиметри, сега е постабилна од порано

Едно од најголемите светски атракции кривата кула во Пиза, веќе не е во опасност. И покрај тоа што пред неколку години беше предвидувано дека може да се случи да падне, поради тоа што секоја година се накривуваше дополнително за неколку сантиметри, сепак, италијанските власти превзедоа мерки и придонесоа во нејзиното „исправање“.

Така сега светската атракција е исправена за 4 сантиметри. Можеби тоа не е многу, меѓутоа стручњаците велат дека сега е постабилна за разлика од порано. На неа ќе се прават уште неколку акции со цел да биде безбедна.

Таа привлекува милиони туристи годишно од целиот свет кои доаѓаат да се фотографираат со оваа необична атракција.

Извор: ТВ21