Кривична пријава за двајца охриѓани кои неовластено креирале профили на „Фејсбук“

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј.П.(39) и Р.П.(39) двајцата од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци”.

Пријавените, на 05 април годинава без добиена согласност, прибирале, обработувале и користеле лични податоци на женско лице од Охрид, и без нејзино знаење ги објавиле на веб страна за огласи.

Се вчитува...

Дополнително, двајцата пријавени, неовластено и креирале неколку профили на социјалната мрежа Facebook.

Извор: ТВ21