Македонија

Кривична пријава за кражба на дрва во Македонски Брод – исечени над 290 кубни метри без документација

Кривична пријава за кражба на дрва во Македонски Брод – исечени над 290 кубни метри без документација

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во с.Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Пријавените, како концесионери на Шумско-стопанска единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво.

Освен тоа, противправно се исечени и однесени 291,19 кубни метри без приложени приемници за сеча и дотур, со што е остварена противправна имотна корист во висина од 653.228 денари по редовен ценовник или 2.037.700 денари по оштетовен ценовник.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни