Македонија

Кривична пријава за цариник на преминот „Блато“ кај Дебар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против царинскиот службеник Г.М.(51) од Охрид.

Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

-Тој, како царински службеник, на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, кај Дебар извршил пропуштање на криумчарена разновидна прехранбена стока без декларација, сопственост на В.И. од Дебар. На тој начин  овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и наплата на увозни давачки, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Димоски посочува дека на тој начин Г.М. му овозможил на В.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни