Македонија

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година

Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати остануваат причина за продолжување на кризната состојба во земјава. Собранието денеска донесе одлука таа да биде продолжена за уште шест месеци, односно до 20 април 2027 година.

Одлуката беше донесена во рамки на 126. собраниска седница, на која пратениците одлучуваа и за други прашања од законодавната и безбедносната сфера.

На истата седница беа усвоени и Законот за државна ревизија, како и одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во меѓународната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни