Куче застрела човек – jа ставилo шепата на чкрапалото од пушка и пукало

32-годишен ловец од Канзас бил пронајден мртов во својот автомобил во саботата, а локалните шерифи утврдиле дека тој умрел откако куче случајно му згазнало на чкрапалото на пушката. Неименуван маж од Вичита бил пронајден во близина на заедницата Геуда Спрингс. Властите соопштија дека тој починал околу 9:40 часот.

“Кучето на сопственикот на камионот згазнало на пиштолот и случајно го застрелало човекот. Куршумот ја погодил жртвата, која поради повредите починала на самото место”, соопштија од канцеларијата на шерифот, а пренесува Дејли мејл.

„Овие коментари се полни со омраза“

Полицијата не го објави името на ловецот, но многумина на социјалните мрежи се потсмеваа на околностите под кои тој го загубил животот. Еден од неговите пријатели излезе во негова одбрана.

„До сите комичари и експерти за оружје кои коментираат овде – ова момче ми беше пријател. Вашите коментари се полни со омраза. Многу добро го познавам неговото семејство и не можам да ви кажам колку им е скршено срцето во моментов. Срам да ви е“, напиша пријател на жртвата.

Поврзани вести

spot_img

Најважното