Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук во „10 Минути“ на ТВ21 порача дека во јуни со помош на ЕУ треба да се започне јасниот пат на Македонија кон Европската Унија.
„На европски план и од гледна точка на Брисел имаме неколку работи кои се на прво место во месец јуни со големата помош од Европскиот парламент, да го започне јасниот пат кон ЕУ, односно да има патна карта, септември, октомври ќе бидат и сите други влади на државите од регионот, односно ќе започне и процесот на оцена на имплементација на демократските принципи, а за таа цел ние имаме потреба да соработуваме со власта, тоа е мојот конкретен аргумент. Другиот аргумент е интересот на целата ЕУ и на страните од Западен Балкан да бидат дел од ЕУ затоа што тоа означува сигурност, просперитет и успех“, порача европратеникот Илхан Ќучук.
.