Живот

Куќата на Френк Синатра се продава за 21,5 милиони долари

Се продава куќата каде некогаш живеел познатиот пејач Френк Синатра.

Цената е 21,5 милиони долари, а се наоѓа во градот Чатсворт, на околу 50 километри од Лос Анџелес.

Пејачот живееше во неа во 1950-тите, додека пак домот е дизајниран од познатиот архитект Вилијам Переира, кој го дизајнираше и Уметничкиот центар „Кенеди“ во Вашингтон и облакодерот „Трансамерика“ во Сан Франциско.

Оваа куќа има седум спални соби и девет бањи, а се користела и за снимање на серијата „Луди мажи“, филмот „Девојки од соништата“ и многу други.

Исто така, Ријана сними дел од видеоспотот за песната „B**ch, Better Have My Money“ во неа.

Синатра еднаш раскажа како Џуди Гарланд и Винсенте Минели ги обновиле своите завети таму, а Мерлин Монро, исто така, била една од честите гости.

Резиденцијата е изградена на земјиште од речиси 14 хектари, коешто им обезбедува приватност на можните купувачи и идни сопственици.

Неодамна беа вложени милион долари за реновирање на куќата. Претходно, 2015 година, цената на ова здание изнесуваше 7,5 милиони долари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни