Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Кумановец плаќал со фалсификувани пари, па заврши во полиција

На 03.10.2019 во СВР Куманово, било пријавено дека М.И.(19) од Куманово платил на две места за производи и услуги со фалсификувани банкноти од по 1000 денари. Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„143“ во Куманово, при што пронашле и одзеле 11 фалсификувани банкноти (10 банкноти во апоени од 500 денари и една банкнота во апоен од 1000 денари). М.И. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни