Македонија

„Кумановската група“ го прекина штрајкот со глад, нивниот адвокат ја потврди информацијата

По 11 дена штрајк со глад, „Кумановската група“ одлучи да го прекине штрајкот. Штрајкувањето го започнаа со барање за истрага од меѓународните институции за нивниот случај и преместување во затворот Идризово.

Во телефонски разговор, заменик – директорот на скопскиот затвор, Садуш Арифи, ни потврди дека штрајкот е прекинат, но не сакаше да открие повеќе детали. Адвокатот на 12-мината обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље, Насер Рауфи, ни ја потврди информацијата дека затворениците го прекинале штрајкот и дека за утре има закажано средба со нив за да се запознае со деталите.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни