AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Купони, лотарија, бесплатен оброк – што се прават владите за мотивирање на граѓаните за вакцинација

Во Австрија околу 68% од населението е вакцинирано барем со една доза вакцина, а бројот на вакцинирани на дневно ниво опаѓа, додека пак расте оптовареноста на болничките капацитети.

Со цел да се спречи следниот бран на коронавирусот, останува само да се мотивираат останатите да се вакцинираат.

За таа цел медицинскиот универзитет во Виена спворел истражување што би била мотивација за граѓаните на Австрија, Швајцарија и Германија да се одлучат на вакцинација.

Според резултатите, гражаните најмногу ги мотивира слободниот избор на вакцини, промотовни купони, па дури и лотарија.

Во анкетата учествувале 3.067 лица од наведените земји со старост од 18 до 90 години. Меѓу нив 18% од испитаниците од Австрија навеле дека не се вакцинирани, ниту се пријавиле за вакцина, додека 23,5% изјавиле дека би се вакцинирале ако може да изберат вакцина. 8,7% би се вакцинирале ако добијат некој купон, а 6,6% би се одлучиле на вакцина ако учествуваат во лотарија. Останати мотивациски фактори преставувале вакцинација на работното место, бесплатен оброк после вакцина и лепенка со која се потврдува дека лицето е вакцинирано.